Жените помеѓу традицијата и современоста

03.05.2014 09:21
Жените помеѓу традицијата и современоста

Шади Гадиријан е родена 1974 година во Иран. Студирала фотографија на универзитетот Азад во Техеран. Во светот станува позната во 2000 година заедно со новиот бран ирански фотографи кои добиваат меѓународно внимание благодарение на успехот на иранскиот филм. Гаридијан во својата земја освои награда за фотографијата која прикажува две жени со превез кои држат огледало што рефлектира полица со книги.

Сепак, иранското министерство за култура донесува одлука дека фотографијата е контроверзна и ја повлекува наградата. Така нејзината кариера уште од почетокот е одредена од судирот на демократијата и теократијата која го дефинира современ Иран. И покрај тоа, Гадиријан ја прекина традицијата на ирански уметници - да се сетиме на Ширин Нешат како најпозната - кои дејствуваат на запад и денес живее и работи во Иран. Во своите фотографскии ја преиспитува позициијата на иранските жени помеѓу современоста и традицијата.

Серијата фотографии со наслов „Like Every Day“ настаната помеѓу 2000 и 2001 година донесува „портрети“ на жени во превез, кој овој пат е аменет со чаршаф. Наместо лице, жените имаат некој од предметите од домаќинското секојдневие. Фотографиите укажуваат на напорниот и анонимен живот на жените во Иран.

По тоа прашање, оваа серија се надоврзува на претходната серија фотографии со наслов Qajar која е настаната помеѓу 1998 и 1999 година. Тука авторката креира фотографски сет по примерот на фотографиите од XIX век, а моделите се нејзини пријателки облечени во традиционални костими. Касетофонот, Пепси Колата или велосипедот во овие фотографии се „аномалии“ кои укажуваат на женскиот идентитет растргнат помеѓу традицијата и современоста.

Извор: pogledaj.to