Храбрите Авганистанки и нивниот прв женски велосипедски клуб

06.05.2014 09:26
Храбрите Авганистанки и нивниот прв женски велосипедски клуб

Во денешен Авганистан жена на велосипед не е баш општествено прифатлива глетка. Жените кои возат велосипед ќе станат промискуитетни, сметаат многумина. На тоа и на други слични уверувања одлучи да се спротивстави група млади Авганистанки на кои велосипедот им е најважен дел од секојдневието. И исто како што кон крајот на XIX век велосипедот во западниот свет го подобрил квалитетот на животот на жените, овозможувајќи им поголема мобилност и носење на поудобна облека, велосипедот на жените во Авганистан денес им помага ги скршат стереотипите и да се борат за подобра положба во општеството.

Сѐ започнало во 2006 година, кога Шенон Галпин ја основала непрофитната организација Mountain2Mountain, која им помага на жените и децата во деловите од светот во кои има војна. Галпин во 2008 година отпатувала во Авганистан и наскоро станала прва жена која е видена на велосипед во руралните делови на оваа земја. Искористувајќи ја својата привилегирана позиција на странец, Галпин на велосипед пропатувала 250 километри во долината Паншир, а потоа ги охрабрила младите Авганистанки да започнат иста авантура. Благодарение на Шенон Галпин, која е и основач на Националниот женски велосипедски тим на Авганистан, жените кои се посветиле на велосипедизмот во оваа земја сега можат да го направат тоа без поголеми проблеми, а организацијата Mountain2Mountain им ја обезбедува сета потребна опрема.

Најмногу жени кои се придружиле на првиот велосипедски тим во Авганистан доаѓаат од Кабул, каде владее полиберален поглед на ова хоби, а дел од велосипедското патување на девојките од Кабул во внатрешноста на земјата го забележала фотографката Клаудија Лопез.


Извор: adventureblog.nationalgeographic.com