Нема власт без фасада

07.05.2014 02:28
Нема власт без фасада

Зградaта ЕВН, „стаклената“ висококатница на влезот во Градскиот трговски центар, мора да добие барокна фасада за да може владејачката ВМРО-ДПМНЕ, поточно власта, да го задржи имиџот на гранитна цврстина, непоколебливост и непопустливост. Оттаму, продолжувањето на апсурдната фасадизација во центарот на Скопје (од која нема да куртули ни ГТЦ) не е урбан, естетски, авторски или каков било друг културен проблем. Станува збор за чисто политичко прашање, односно за гола борба на партијата за опстанок на власт.

Тоа, во практика, значи дека попуштање нема и не смее да има, по никоја цена. И најмала отстапка, за прифаќање не станува збор, пред кој било од сите стручни, логични, издржани, нормални аргументи за која било цивилизирана средина – на пример, дека е бесмислено да се арчат толку милиони евра народни пари за да се фалсификуваат, односно да се нагрдуваат репрезентативни објекти на градот, за да се гази по нечиј креативен труд, да се уништува ликот, препознатливоста и градителската историја на градот само поради суетата на актуелниот владетел – значи отворање опасна пукнатина во изградениот имиџ, во партиската фасада зад која никој не смее да ѕирне. (Не е важно како е, важно е како изгледа, нели.) Можноста, колку и да е мала, зрак на разум да пробие до лудилото на власта, може да биде кобна, капка што ќе ја урне браната. Проверено. Затоа владетелот, иако е несреќен поради тоа што губи во Центар, не помислува волјата на народот да ја купува со тоа што ќе запре со злосторничкиот атак врз зградите.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња

Слични содржини

Јавни Простори / Став
Јавни Простори / Став
Јавни Простори / Став
Јавни Простори / Став
Јавни Простори / Став

ОкоБоли главаВицФото