Топлес-читателките на Њујорк

08.05.2014 11:32
Топлес-читателките на Њујорк

Њујорк по многу нешта е посебен град, а меѓу сите оние работи кои го прават единствен е и тоа што неговите жителки пред околу една година се изборија за правото - баш како и нивните сограѓани мажи - да можат слободно да шетаат во јавност со голи гради.

Ова право на креативен начин го искористија членките на клубот The Outdoor Co-Ed Topless Pulp Fiction Appreciation Society, најпознати по своето топлес-ужување во палп книжевноста и слоганот „Да ги запалиме градниците, а не книгите!“

Со своите читања на јавни места, најчесто во Централ Парк, членките на клубот сакаат да ги потсетат своите сограѓани на либералниот закон кој им дозволува да бидат топлес во јавност, но и да го направат уживањето во книжевноста сексипилна и субверзивна активност.

Подолу може да погледнете повеќе фотографии од голите њујорчанки кои креативно го провоцираат „добриот вкус“ и „јавниот морал“.

Извор: coedtoplesspulpfiction.wordpress.com

Слични содржини

Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Психологија / Живот
Општество / Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот

ОкоБоли главаВицФото