Архитектура за бездомници

08.05.2014 12:52
Архитектура за бездомници

Американскиот уметник Грегори Клоен кој живее и работи во Оукленд, својата креативност и умешност за изработување малечки градби од дрво ја користи да за да им помогне на своите сограѓани кои се принудени да живеат без покрив над главата. Клоен гради малечки, подвижни куќи за бездомници, а целиот материјал кој му е потребен за нив го наоѓа на отпад.

Грегори го покренал проектот Домови за бездомници кога сфатил дека и самиот може да направи нешто за луѓето на кои им треба помош, наместо да гледа отстрана и резигнирано да вели дека „неговата мала помош не е решение“.

Процесот на работа на Клоен започнува со одење во индустриската зона во Оукленд, каде ги наоѓа потребните фрлени даски, врати, прозорци, делови од машини и најразлични предмети со чија помош потоа гради практични куќички за бездомници.

Неговите креации на крајот нудат суво, сигурно и топло место каде бездомникот може да преспие или да се одмори наместо да лежи на улица. Со помош на локалните волонтери, Грегори потоа доаѓа до луѓето на кои им се потребни малечките градби.

Освен практичната и хуманитарна страна, треба да се напомене и дека секоја куќичка е уникат кој не може да се повтори.

Извор: Huffington Post

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото