1003 hPa
81 %
8 °C
Скопје - Сре, 17.04.2024 22:03
1. Сите грађани на федерална македонска држава се еднакви и рамноправни пред законите, не гледајкји ја нивната народнос, пол, раса и вероисповеданије.
2. На националните малцинства на Македонија се осигуруваат сите права на слободен национален живот.
3. На секој грађанин му је гарантирана сигурност на личноста и имотот, загарантирано је правото на сопственос и часната иницијатива во стопанскиот живот.
4. На секој грађанин му је загарантирана слободата на вероисповеданијето и слободата на совеста.
5. На сите грађани им је гарантирана слободата на говорот, собирањето, договорот и слободата на здружувањето.
6. Изборното право на демократска Македонија го вршат избирачите со тајно гласуење на основаније на општото, еднаквото, непосредното и личното изборно право.
7. Правото да избират и да бидат избрани во сите зборни тела во народната влас имаат секој грађанин и секоја грађанка што наполниле 18 години, ако не се провинети за некое престапленије. Додека траје народно-ослободителната војна, по решеније на АСНОМ, може да се одстапи од принципите на тајното и непосредно гласуење.
Малоумните лица, како и лицата што се провинат по отношеније на интересите на народно-ослободителната војна се лишаваат од правата по точка 5 и 6 на оваја декларација.
8. Должност и чес је на секој за оружје способен грађанин без разлика на народнос и вера да учествује како војник во редовите на Народно-ослободителната војска и партизанските одреди.
9. Се забранујат и прогонујат сите фашиски и профашиски дејствија, оти се против слободата и независноста на братската заједница на народите во Југославија.
10. На секој грађанин му је загарантирано правото на жалби против решенијата на органите на власта, по начин предвиден во законот.
Секој грађанин има право на молби и поплаки кај сите државни власти.
11. Народната влас се стара да ја отстрани неписменоста и да ја подигне народната култура како и да осигура бесплатна просвета.
Во мнастирот „Св. Отец Прохор Пчињски“ на Илинден 2 август 1944 година.
Извор: Документи од создавањето и развитокот на Н.Р. Македонија (1944-1946), Државно книгоиздателство на Македонија, Скопје, 1949
Забелешка: поради доловување на изворноста и специфичниот јазик на документот, во текстот не се вршени никакви корекции.