Слики на срамот: актуелната македонска неонацистичка иконографија

10.05.2014 15:53
Слики на срамот: актуелната македонска неонацистичка иконографија

Додека светот го прославува 9 Мај, Денот на победата против фашизмот, македонските неонацисти се живи и здрави - фала на прашање - и на големо присутни на Фејсбук. На овие фотографии долу, овде собрани само по 7-8 минути пребарување, има сè и сешто.

Она што ме плаши е што на овие страници како „лајкаџии“ ги гледам и некакви општински ли се, измислени ли се „организации“, „ограноци“, што ли се, на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Она, пак, што најмногу ме боли е кога гледам фотографија на македонската војска во строј, окружена со слики на Рудолф Хес, Брејвик, фото од строј на германската нацистичка војска и слично.

Овој фото албум го претставува нашиот срам. Но, тој треба да се види за да се осознае и препознае современата македонска неонацистичка иконографија, а со цел поефикасно да ѝ се спротивставиме.

Таа е слична како и во другите европски земји: од класичната нацистичка, па сè до современата неонацистичка, но прилагодена во македонски контекст (нацистички војник со претходното македонско знаме околу ракавот), кукасти крстови и стилизирани свастики, па дури и фотографија од срамниот дочек на нацистичката војска (ми се чини во Солун) приреден од страна на едно од екстремните крила на ВМРО, најверојатно она блиското на Ванчо Михајлов.

Дополнителни и посеопфатни написи на тема неонацизмот во Македонија можете да прочитате овде и овде (видео клипот во овој напис е отстранет од страна на YouTube заради користење говор на омраза).

Напомена: Сите фотографии и илустрации се преземени од профили и групи на македонски јазик, објавени на социјалната мрежа Фејсбук, како и од отстранетиот видео клип на рокенрол верзијата на песната „Послушајте патриоти“ (вториот линк во горниот пасус).

Извор: anfas.blogspot.com