По балот

13.05.2014 09:37
По балот

Можеби сум оставил во гардеробата и нешто повеќе од мојата облека. Одам олеснет, со една преголема самоувереност и некој во салата веќе ги забележува моите чекори. Зраците светлина се исполнети со танчарки.

Се вртам, се вртам без ништо да можам да видам во пороите на електричните светилки, газам врз многу нозе и многу други нозе газат врз моите.

Каков бал, каква свеченост! Сите жени ми се сторија убави, моите желби летаа кон сите тие очи. Сѐ додека оркестарот свиреше јас ги вртев топуците врз мазниот паркет, исполнет со чувства, и моите раце премалеа од носење на толку плен што потоа мораше да биде напуштен.

Но кога оркестарот замолкна, изгаснатите ламби направија измореноста да стежне. На гардеробата ми вратија едно тешко палто за остра зима, но другото? Нешто сепак ми недостасува. Сам сум и не можам да му се спротивставам на овој студ.

Превод: Влада Урошевиќ
Слика: Там Хејзелвуд

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото