Травестиран балет за ножеви и клавир

14.05.2014 11:16
Травестиран балет за ножеви и пијано

Во видеото „En Puntos“ шпанскиот режисер и уметник Хавиер Перез ни прикажува балерина која на стапалата носи пар чевлички за балет, но со еден специјален додаток - остри, големи кујнски ножеви. Откако ги става посебните обувки на нозете, таа се обидува да одржува рамнотежа качена на клавир, гребејќи ја и сечејќи ја неговата површина со своите движења.

Балерината повремено се наоѓа на работ на клавирот и писка борејќи се да ги задржи рамнотежата и силата. На крајот од настапот, се спушта завесата и се забележува дека таа игра во празен театар, без публика. Со намера да предизвика ефект на своевидна музичка кутија, видеото на Перез ги регистрира кревкоста и дисциплината обединети во балетот, истовремено демонстрирајќи ги ранливоста и очајот кои може да ги донесе јавниот уметнички настап воопшто. Очигледно е и деликатното насилство кое прави гледачот да се штрекне додека балерината ја гребе површината на клавирот.

Javier Pérez - EN PUNTAS (extracts) from Javier Pérez on Vimeo.

Преку ова дело, Хавиер Перез истражува и рефлектира една специфична човечка состојба. Користејќи силно метафоричен јазик богат со моќен симболизам, ги открива слабостите кои стануваат граници помеѓу навидум противречните концепти како убавината и суровоста, ранливоста и насилството, културата и природата или животот и смртта.


Извор: javierperez.es

ОкоБоли главаВицФото