Винтиџ сликовници: Ah-choo од Мерсер Маер

14.05.2014 11:48
Ah-choo

„Ah-choo“ e сликовница на американскиот писател за деца и илустратор Мерсер Маер, кој зад себе има повеќе од 300 илустрирани дела за деца. Иако е најпознат по сликовниците „Малото ѕверче“ и „Малото чудовиште“, овој пат ја претставуваме неговата сликовница „Ah-choo“.

Во „Ah-choo“ централна улога има еден слон кој има проблеми со непрестајното кивање и поради тоа влегува во низа проблеми и неволји, меѓу кои е и паѓањето во затвор. Сепак, поради едно друго кивнување, кое не е негово, ќе доживее прекрасна романса.

Маер во оваа сликовница не користи зборови, освен ономатопеи на кивањето и тажните молежливи воздишки на слонот што кива. Но, кога ќе се погледнат експресивноста на ликовите и сугестивноста на цртежите, сфаќате дека воопшто и нема потреба од зборови.

Извор: www.vintagechildrensbooksmykidloves.com