За 6 месеци два неславни јубилеи во државните финансии

14.05.2014 13:05
За 6 месеци два неславни јубилеи во државните финансии

Во октомври лани внатрешното задолжување на државата, и тоа само преку државни хартии од вредност (ДХВ), за првпат во историјата ја надмина сумата од 1 милијарда евра, за во март годинава само задолжувањата на Владата на Груевски преку ДХВ да изнесуваат 1 милијарда евра.

 

Во рок од 6 месеци „прославивме“ два „јубилеи“ кои се однесуваат на државните финансии, односно на задолжувањето на државата, покажуваат официјалните податоци (Ексел датотека за преземање):

1. На крајот од октомври лани, внатрешното задолжување на државата, и тоа само преку државни хартии од вредност (ДХВ - државни обврзници и државни записи), првпат во историјата ја надмина сумата од 1 милијарда евра и достигна:

63,5 милијарди денари, односно 1,033 милијарди евра

2. На крајот од март годинава износот на средства што само оваа власт го има извелечено на ваков начин, преку ДХВ, од банките, осигурителните компании, пензиските фондови и другите, исто така го достигна износот од 1 милијарда евра.

Долгот на државата по основ на ДХВ на 31.12.2007 година изнесуваше 156 милиони евра,

а на 31.03.2014 година тој го достигна износот од 71,1 милијарди денари или 1,156 милијарди евра.

Ова значи дека Владата на Никола Груевски во период од 6 години и 3 месеци ја задолжи Македонија 6,4 пати повеќе од сите претходни влади на домашен план преку ДХВ - или точно за 1 милијарда евра повеќе.

Годишните камати што се плаќаат на овој износ од 1,156 милијарди евра (во просек од околу 3,5 отсто) изнесуваат околу 40 милиони евра годишно или 1,6 отсто од националниот буџет.

Пари, кои ако Груевски не беше алчен, можеа да се потрошат за попаметни работи, наместо да завршат во џебовите на банкарите.

Како куриозитет треба да се напомне дека пензиските фондови почнале да купуваат од Владата и државни обврзници со рок на отплата од 10 години. Кај кои камата е поголема, се разбира, и изнесува 5 отсто.

Табела: НБРМ, извршени аукции на државни обврзници

Нема да помине долго време пред власта да почне да нѐ задолжува и на 20 и 30 години и тогаш не само што децата ќе ни се раѓаат како должници, туку кога ќе се случи ова таа ќе отиде директно и на нашите внуци да им бара пари.

Извор: anfas.blogspot.se

ОкоБоли главаВицФото