Хероите од Србија и БиХ кои не оставија на цедило ниту едно суштество

16.05.2014 12:47
Хероите од Србија и БиХ кои не оставија на цедило ниту едно суштество

Човек спасува куче во Ваљево

Силните поплави кои ги зафатија Србија и Бих парализираа повеќе делови од двете земји. Засилено се работи на евакуација на граѓаните, се проценуваат материјалните штети и штетите што ќе ги претрпат земјоделците, а веќе има информации за жртви и исчезнати. Во Србија се евакуирани 6.000 луѓе, а поплавите однеле најмалку три жртви.

Во овие драматични ситуации, во БиХ и Србија, кога сите се во исчекување и со страв ја следат состојбата со врнежите и водостојот на реките, се наоѓаат и такви луѓе кои не забораваат на најранливите и беспомошни животни.

Сликите и видео снимките од храбрите и благородни луѓе кои го ценат сечиј живот брзо се проширија во регионалните медиуми и социјалните мрежи, освојувајќи ги симпатиите на илјадници луѓе.

На фотографиите и видео снимката подолу може да ги погледнете овие херои во акција.

Член на екипата која спасуваше животни во околината на Алексинац

Момче спасува мало јагне во Челиќ, во близина на Тузла

Војник во Сараево спасува неколку кучиња


Видео снимка од спасувањето на едно куче во Зеница

Извор: fokus.mk / telegraf.rs

ОкоБоли главаВицФото