Urban Geode

16.05.2014 15:51
Urban Geode

Urban Geode e уличен уметнички проект на уметницата која работи под псевдонимот „A common Name“, кој е започнат во Лос Анџелес. Наместо да користи боја, како што уличните уметници го прават тоа во голем број случаи, оваа улична уметница ги создава своите дела со смола и хартија, обликувајќи ги во тродимензионални скулптурални форми. Конечно обликуваните форми наликуваат на камења, кристали, кварц или кои било минерали што обично би можеле да се најдат во природата, но овој пат се сместени во која било малечка дупка во зградите или во некои ќошиња на урбаната инфраструктура.

Зад овој проект стои уметницата и графичка дизајнерка Пејџ Смит, која живее и работи во Лос Анџелес. Таа се надева дека нејзиниот проект ќе трае многу долго и таа ќе патува низ светот, разубавувајќи го урбаниот пејзаж.

„Уживам во фактот дека многу луѓе нема да го забележат ова, а некои досетливи и внимателни луѓе ќе ги забележат интервенциите; во тоа дека скулптурите нема да траат вечно и времето и природата ќе влијаат врз нив“, вели Смит, чиишто последни малечки скулптури се поставени во Берлин.

Извор: acommonname.com

Слични содржини

Уметност / Око
Уметност / Око
Јавни простори / Уметност / Око
Култура / Уметност / Око
Уметност / Око
Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото