Во посета на плакарот на Марлен Рентмеестер

17.05.2014 07:50
Во посета на плакарот на Марлен Рентмеестер

Марлен Рентмеестер е уредничка на Lucky Magazine. Своите ставови и коментари за модата ги објавува на блогот Le Catch! За неа велат дека изгледа беспрекорно.

Опиши го твојот личен стил.

Комбинација од висока и ниска мода, принтови, светли украси и винтиџ.

Кои ти се омилени дизајнери?

Селин, Дерек Лам, Проенца Шулер, Прабал Гурунг, Изабел Марант, Шанел, Крозби, Џеј Кру, Бај Зои.

Кои се твоите омилени места за купување?

COS (со самото влегување во продавницата ми се забрзува пулсот), Зара, Топшоп, Barneys New York, H&M, Selfridges во Лондон, Netaporter, Vintage Fashion Expo, Dixie Highway во Палм Бич, полиците на Lucky photo shoot и плакарот на мојата сестра близначка.

Кои се твоите икони во поглед на стилот?

Алекса Чунг, Џована Баталја, Тејлор Томаси Хил и случајните минувачки во Њујорк и Париз.

Има ли некои клучни парчиња облека кои ги носиш постојано?

Живеам во разголените маички на Бретон, војнички јакни и винтиџ блузи со тантела.

Кое е последното парче облека што си го купила?

Само што доаѓам од купување, а резултатот е Асос фустан со откачени принтови, кратки фармерки од Пејџ, бел кожен фустан од Топшоп и два пара штикли од Christian Louboutin.

Имаш ли некакви приказни за купување супер парчиња облека одлична цена?

Шарин Винтиџ во Лос Анџелес е вистински златен рудник. Толку добро е снабдено, што обично поминувам неколку часови пробувајќи ги сите опции.

Можеш ли да ни дадеш совет за паметно купување?

Купувањето на интернет е божји дар за жените! Буквално сѐ што можеш да замислиш е на дофат на рацете и може да се најде пред твојот праг за само неколку денови. Секогаш можеш да го вратиш, ако не ти е точно.

Коe е најдоброто нешто во врска со твојата работа?

Го праваm тоа што го сакам: пишувам, купувам, патувам, креативна сум, учам, сретнувам луѓе и се наоѓам во близина на неверојатни парчиња облека, цело време.

Кои производи за убавина ги препорачуваш?

Опседната сум со карминот Nars Mexican Rose, благодарение на Џина. Инстантно ме „дотерува“.

Пет работи без кои не можеш да живееш?

Покрај семејството и пријателите, трчањето секој ден, честите патувања и враќања во Њујорк, убавото црвено вино, одмор и плажа.

Извор: cargocollective.com