Хуманитарна акција за помош на жртвите од поплавите во Србија и Бих

17.05.2014 16:09
Хуманитарна акција за помош на жртвите во од поплавите во Србија и Бих

На 18 мај (недела), во 12.00 часот, група граѓани на плоштадот Македонија во Скопје организира хуманитарно собирање на облека и постелнина, вода, млеко во прав, пелени, наменети за жртвите од катастрофалните поплави кои деновиве ги зафатија Србија и Босна и Херцеговина. Граѓаните ги повикуваат сите оние кои се во можност да дојдат и да помогнат колку што можат.

Во Македонија се формираат фејсбук групи и се организираат хуманитарни акции кои ќе им помогнат на луѓето кои ги изгубија своите домови во поплавите. Одреден број граѓани веќе се организираа и заминаа во погодените области, каде учествуваат во акциите за спасување на населението.

„Црвениот крст на Република Македонија е подготовен и очекува повик за да упати соодветни екипи на логистика, со цел да однесе одредена количина материјали кои се неопходни за неселението. Како и да е, нашите екипи чекаат повик да заминат и помогнат во овие региони“, се вели во објава на Фејсбук-страницата на Црвениот крст на Македонија.

Неформални групи за собирање материјална помош за Србија се: За комшиите се работи!, Хуманитарна акција!, Молете се за Србија! и Хуманитарна акција за помош на настраданите од поплавите во Србија (на последниот линк може директно да се испраќа финансиска помош).

Собраните средства ќе бидат донирани директно во Босна и Србија за поддршка на најпогодените заедници и индивидуи со најголема потреба. ЦИРа како организатор на оваа хуманитарна иницијатива, ќе ги трансферира собраните средства на партнерските организации од Србија и Босна, кои работат во областа на развојот на филантропијата.

Донација од 100 денари може да се испрати со бирање на бројот 143 400 од кој било мобилен оператор.

Извор: radiomof.mk