1025 hPa
87 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 04:59
После сликовницата „Ah-choo“ на Мерсер Маер, продолжуваме со претставување стари сликовници, овојпат од швајцарско-американскиот автор Роже Дувуазан.
Роже Дувуазан (1904-1980) е американски писател и илустратор роден во Женева, Швајцарија, кој е најпознат по своите илустрирани книги за деца. Студирал на École Nationale Supérieure des Artsе Décoratifs во Париз, а пред да почне да се занимава со илустрирање и пишување на детски книги, работел како дизајнер на разни декорации, сценографии, парчиња текстил и сликал мурали.
За своето творештво, тој е добитник на повеќе престижни награди, како Caldecott Medal за сликовницата „Бел снег, светол снег“ во 1947 година, Deutscher Jugendliteraturpreis (1965) и втора награда Ханс Кристијан Андерсен за детски илустрации во 1968 година.
Подолу може да ги погледнете илустрациите на Дувоазин од сликовницата „Јасмина“, објавена 1973 година.
Извор: myvintagebookcollectioninblogform.blogspot.com