МТВ почнува со емитување на емисија „Гласали сте, гледајте“

22.05.2014 11:15
МТВ почнува со емитување на емисија „Гласали сте, гледајте“

Скопје, 22 мај 2014

Македонската телевизија од понеделник стартува со нова емисија, која ќе е со странска франшиза и која ќе биде насловена „Гласали сте, гледајте“. Целта на емисијата е 24 часа во живо да се следат успесите на староновата владина коалиција на економски и пред сѐ на меѓуетнички план, како и на планот на евроинтеграциите.

„Успеси се случуваат секој ден на различни полиња. Ние тоа го покриваме со различни емисии, но некако ни е раштркано. Целта со оваа емисија ни е да ги сублимираме резултатите и во живо да следиме сѐ што се случува“, објаснуваат од Јавниот сервис.

Од таму додаваат дека емисијата ќе оди двојазично – на првиот на македонски јазик, а на вториот канал на албански.

„Свесни сме дека и вториот голем партнер во власта секој ден бележи успеси во истите полиња, па не сакаме да ги ускратиме гледачите од албанската заедница со информации за овие остварувања“, велат од МРТ.

Извор: kozanostra.net