Човекот со убави очи

22.05.14 14:45

Постојат голем број анимации направени според песните на американскиот поет Чарлс Буковски. Меѓу нив има повеќе или помалку успешни, но „Човекот со убави очи“ на Џонатан Хоџсон, изработена според истоимената песна на Буковски, е анимација која се истакнува по својата успешност и донесува буен, живописен имагинариум од детските сеќавања на авторот.

Освен „Човекот со убави очи“, меѓу поважните анимирани верзии на поетскиот свет на Буковски се истакнува и „Сината птица“ на Моника Умба, која може да ја погледнете овде.

ОкоБоли главаВицФото