СОС постери за настраданите од поплавите

23.05.2014 11:45
СОС постери за настраданите од поплавите

Абишек Десаи, Индија

 

Поплавите кои ги погодија Србија, Бих и Хрватска, предизвикаа голема материјална штета, оставија без дом илјадници луѓе, а однесоа и човечки животи, беа повод за рекција на предводниците на проектот СОС Дизајн Фестивал, иницијатива започната од група студенти на Академијата за ликовни уметности во Сараево.

Тие решија да го покренат преоктот SOS Balkan Posters, чија крајна цел е да се соберат средства за загрозените од поплавите во регионот. Организаторите сакаат да поттикнат што поголем број дизајнери, како од Балканот, така и од други региони, да придонесат за ублажување на последиците од страшната природна катастрофа.

На SOS Balkan Posters може да учествуваат сите заинтересирани кои ќе испратат постери што ги задоволуваат техничките пропозиции: постерите треба да се испратат во PFD или JPEG формат (димензии 70х100 сантиметри), CMYK, 300 dpi, со наведено име и презиме и земја од која доаѓа авторот.

Делата може да се испратат на адресата sosbalkanposters@gmail.com, a задолжително треба да содржат информација за начинот на донирање за настраданите од поплавите.

Предводниците на оваа иницијатива планираат да организираат и продажни изложби во поголемите градови во сите загрозен држави, како и да одржат финална изложба на самиот СОС Дизајн Фестивал кој ќе се одржи во октомври годинава во Сараево.

Адријан Ц. Дума, Шведска

Гизем Вурал, Турција

Един Баќевац, Германија

Иван Антуновиќ, Хрватска

Александар Пешевски, Македонија

Милош Самек, Чешка

Радомир Милиќ, Црна Гора

Давор Шунк, Хрватска

Љубомир Тодоровиќ, Бих

Laboratorio Creativo, Романија

Јулија Јанку, Албанија

Ана Алексов, Србија

Ѓорѓе Јовановиќ, Србија

Жоел Амат Гуел, Каталонија

Аднан Алагиќ, БиХ

Извор: sosbalkanposters.tumblr.com

ОкоБоли главаВицФото