Mondegreens: погрешно испеани зборови од песните

26.05.2014 16:08
Mondegreens: погрешно испеани зборови од песните

Ви се верува ли дека навистина постои официјален термин за случајот кога погрешно ги слушаме зборовите од одредена песна и потоа цело време ги пееме исто така погрешно? На пример, кога во песната Bad moon rising на групата Creedence Clearwater Revival стиховите „There’s a bad moon on the rise“ ги слушате како упатство за одење во бањата, па пеете „There’s a bathroom on the right“. Такви и други слични (погрешни) примери се нарекуваат mondegreens, а нивното проучување може да има вистинско психолошко значење.

Сите барем еднаш сме доживеале такви незгодни моменти. Група пријатели заедно пее, и одеднаш некој кажува погрешен збор. Потоа сите се гледаат меѓу себе прашувајќи се како некој можел толку погрешно да го слушне текстот на песната. Таквите ситни недоразбирања се релативно чести, но повеќето луѓе не знаат дека постои официјален назив за нив, кој потекнува од популарниот есеј на Силви Рајт во кој таа се потсетува како нејзината мајка ѝ читала поезија. Еден од стиховите во песната која ја читала гласел „Ye Highlands and ye Lowlands, oh, where hae ye been? They hae slain the Earl o’ Moray, and Lady Mondegreen”. Секако, на читателот ќе му биде драго што госпоѓа Мондегрин е поштедена од убиство, но само затоа што никогаш не ни постоела, бидејќи вистинскиот стих всушност гласи „and laid him on the green”. Токму затоа Силвија Рајт за таквите збориви од песните кои на слушателите им звучат подобро одличи да смисли посебен назив. Кој исто така добро звучи - mondegreens.

Мondegreens е често резултат на нашето искуство, односно, резултат на недостиг на истото. Иако погрешни и иако ни звучат полууверливо, сеедно, ги прифаќаме, бидејќи ни недостасува искуство да ги сфатиме вистинските зборови. Секако, децата се најмногу склони кон такви грешки бидејќи тие учат нови зборови токму преку слухот. Исто така, им недостасува искуство, па така со тек на време, кога неколку пати ќе слушнат одреден збор, ќе го сфатат неговото значење, односно ќе сфатат дека истиот нема смисла и значење.

Повеќе научници утврдиле дека всушност самите се залажуваме дека сме го слушнале баш она што нашето уво го препознало, иако тие зборови немаат премногу смисла. За да воспоставиме значење и да ѝ дадеме смисла на песната, потребни ни се одредени познати зборови. Доколку не успееме да ги препознаеме таквите познати зборови, нивното место тогаш го преземаат mondegreens-зборовите, давајќи ни чувство на лажно познавање и доведувајќи нѐ во ситауција во која пееме сосема погрешни зборови од песните.

Извор: Discovery
Слика: Barney Napolske

ОкоБоли главаВицФото