Средношколци во здолништа против сексизмот

27.05.2014 09:37
Средношколци во здолништа против сексизмот

Стотици средношколци од 27 училишта во францускиот град Нант облекоа здолништа и на тој начин го кренаа својот глас против сексизмот. Оваа акција беше дел од иницијативата „Крени го здолништето“, чија цел е подигнување на свеста за дискриминацијата со која секојдневно се соочуваат нивните ученички.

Учениците дошле во училиштата во здолништа, за да испратат порака за родова рамноправност, а кампањата ја поддржале и нивните професори и професорки.

Сепак, не се сите толку наклонети на овој потег: десничарската група Manif pour Tous, која беше организатор и на минатогодишните протести против легализација на истополовите бракови, е „потполно згрозена од овој моден испад“ на средношколците. Околу 200 поддржувачи на оваа група ги нападнале учениците на училиштето Lycée Clemenceau и полицијата морала да интервенира за да не дојде до повеќе инциденти.

На фотографиите подолу може да погледнете како средношколците со гордост ги носат здолништата во знак на поддршка на своите соученички.

Извор: www.thelocal.fr

ОкоБоли главаВицФото