Нов закон за работни односи: смртта на работникот ќе мора да се најави 15 денови порано

27.05.2014 12:57
Нов закон за работни односи: смртта на работникот ќе мора да се најави 15 денови порано

Скопје, 27 мај 2014

Смртта на вработениот ќе мора да се најави кај работодавецот 15 денови порано, боледувањата се укинуваат, а отсуството поради погреб на близок член на семејтвото е одобрено само по работното време. Ова се само некои од решенијата во новиот закон за работни однсои кој попрецизно ќе ги регулира односите на работниците и работодавците, а кој го подготвија докажани експерти на ова поле.

Како што изјави за Пара вести министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, идејата за овој нацрт закон му дошла една вечер кога имал несоница и не можел да заспие, навикнат на темпото на работа 24/7.

„Нема да прифаќаме самоволие во поглед на животот и смртта. Секој работник треба да го пријави своето умирање кај работодавецот 15 денови пред денот на смртта“, изјави министерот Спасов.

Исто така, тој додаде дека нема да се толерира отсуството од работа поради смрт на член на семејството, бидејќи, како што рече, „животот тече понатаму“.

„На мртвиот роднина и онака повеќе не можеме да му помогнеме, па затоа погребот не може да биде изговор за отсуство од работа. Што се однесува до смртта на самиот вработен, таа е прифатлива како причина за отсуство, но само и исклучиво ако е најавена 15 денови порано. Значи, таа е во рангот на отказниот рок“, категоричен е министерот за труд и социјална политика.

Адаптирано од: Наша патка