1005 hPa
83 %
21 °C
Скопје - Вто, 10.09.2024 01:59
Еден партиски лидер има тетоважа со свастика, друг сака да се ослободи од муслиманите во неговата земја, трет е основач на партија која сака да ги уништи имигрантите со ебола... Вакви убедувања ги „красат“ дел од пратениците кои ќе влезат во новиот состав на Европскиот парламент, како дел од најевроскептичното, крајно десничарско и антиимигрантско крило.
Иако Британската национална партија го загуби својот член во Европскиот парламент, оваа година првпат партии кои се отворено неонацистички ќе ја претставуваат нивната земја во Брисел.
Големиот број пратеници кои имаат радикално десничарски убедувања предизвика загриженост во цела Европа. Кога ќе ги погледнете деталите поврзани со нивните партии, нема да ви биде тешко да заклучите од каде доаѓа таквата загриженост.
1. Национален фронт (Франција)
Марина Ле Пен сигурно работела напорно за да је детоксифицира нејзината радикално десничарска партија, вклучувајќи го и нејзиниот татко и основач на партијата. Жан Мари Ле Пен минатиот месец рече дека „Господинот Ебола“ може да го среди прашањето со имиграните „за три месеци“. Тој обично беше осудуван од од француските власти според законот за расна омраза, а ги нарече нацистичките гасни комори „малечок детаљ“. Партијата освои една четвртина од гласовите во Франција, со популарната анти-имиграциска платформа.
2. NDP (Германија)
Неонацистичката NDP во кампањата ја претстави платфофмата за спречување на имиграцијата и се смета за анти-семитска. Taa се бори под слоганот „Пари за бабите наместо за Ромите“ и „бродот е полн“, нејзините членови во интервјуа инсистираат дека Европа е „континент на белци“ и маршираат со пароли што ја содржат нацистичката идеологија на „Национален социјализам“.
3. Златна зора (Грција)
Грчката ултранационалистичка партија Златна зора ги замени чизмите со костуми во трката за европските избори и ги доби првите места во парламентот. Нивниот главен гласноговорник има тетоважа со свастика, а голем дел од членовите на партијата се во затвор поради учество во криминални организации. Нивните слогани се испишани на џамии, синагоги и гробишта. Во мај 2012, Златна зора излезе на избори со слоганот „Да ја ослободиме земјата од нечистотијата“, формираше банки за храна само за Грци, а нејзиниот гласноговорник цитираше делови од Протоколот на Сионските мудреци во парламентот, но партијата инсистира дека не е ниту неонацистичка ниту криминална. Во моментов е трета најпопуларна партија во земјата.
4. Finns (Финска)
Финската антиевропска популистичка партија оствари послаб резултат отколку што очекуваше, но сепак успеа да освои две места во Европскиот парламент. Претходно беше позната под името „Вистински Финци“. Нејзиниот водач Џејмс Хирвисаари беше осуден во 2011 година поради коментари за муслиманите кои ги напиша на неговиот блог, а друг член одби покана за прославата на Денот на независноста на Финска затоа што не сакал да гледа истополови двојки. Сепак, партијата постојано ги одбива обвинувањата за расизам и хомофобија.
5. Данска народна партија (Данска)
Данската народна партија освои речиси 27% од гласовите и двојно го зголеми бројот на членови во Европскиот парламент. Основач на партијата е Пиа Кјерсгор, која смета дека Данска не е земја во која имиграцијата е добредојдена или природна. Како одговор на критиките од Шведска, таа рече: „Ако сакаат да го претворат Стокхолм, Гетеборг или Малме во скандинавски Бејрут, со клановски војни, ритуални убиства и групни силувања, нека повелат. Ние секогаш можеме да ставиме бариера на Мостот Оресунд.“
6. Партија на слободата (Холандија)
Лидерот на оваа холандска десничарска партија Герт Вилдерс ќе биде разочаран од резултатите, бидејќи проевропските партии победија во Холандија. Неговата партија ја следат контроверзи. Познат по своите гласни критики на исламот, Вилдерс „се прослави“ со изјавата „Не ги мразам муслиманите, го мразам исламот“. Тој во кампањата ветуваше дека ќе ја запре исламската имиграција во Холандија и дека ќе изврши рептаријација на муслиманите кои живеат таму. „Исламот е тројански коњ во Европа. Ако не ја запреме исламизацијата сега, Еурабија и Холандрабија ќе станат само прашање на време“, изјави Вилдерс во холандскиот парламент. Оваа недела, немаше разлика во неговата реторика. „Сакате ли повеќе или помалку Мароканци во овој град и оваа држава?“, гласно викаше, а на одговорот „Помалку! Помалку!“ одговараше со „Ќе се погрижиме за тоа“. Партијата освои четири места во Европскиот парламент.
7. Јобик (Унгарија)
Десничарската националистичка партија Јобик, една од очигледно неонацистичките партии во Европскиот парламент, ги надмина резултатите од изборите во 2009, освојувајќи 14,7% од гласовите и три места во парламентот. Членовите на партијата се залагаат за посебен регистер на луѓе со еврејско потекло. „Мислам дека таквиот конфликт покажува дека е време да се направи попис на луѓето со еврејско потекло кои живеат овде, особено во унгарскиот парламент и во унгарската влада, кои навистина претставуваат безбедносна закана за Унгарија“, рече лидерот на партијата Мартон Гонгоси.
8. Австриска партија на слободата (Австрија)
Десничарската Партија на слободата оствари значаен успех на избрите, добивајќи една петтина од гласовите за својата анти-имиграциска платформа. Двојно го зголеми бројот на добиени места во парламентот (од две на четири), а од партијата велат дека се надеваат на формирање алијанса со Националниот фронт. „Ако има имигранти од Турција кои се жалат затоа што има крст во училниците, им порачуваме: одете си дома“, беше слоганот на лидерот Хајнц-Кристијан Штрахе. Партијата е силен противник на исламската имиграција и верува дека Австрија не треба да прифаќа повеќе имигранти. Штрахе за себе вели дека не е расист затоа што „јаде ќебапи“.
9. Lega Nord (Италија)
Оваа радикално десна партија доби 6% од гласовите во Италија. „Африка не произвела ниту еден голем гениј, како што секој може да види во Мики Маус енциклопедијата“, гласи изјавата на еден од поранешните европарламентарци на оваа партија, што кажува доволно за Lega Nord.
Извор: Huffington Post