And Still I Rise

29.05.14 13:26

Славната американска поетеса и борец за граѓански права, Маја Анџелу, почина на 28 мај на 86-годишна возраст во Винстон Салем, Северна Каролина. Анџелу е авторка на повеќе од 30 книги, а стекнува светска слава со автобиографската книга „Знам зошто пее птицата во кафез“.

Висока, со длабок, величествен глас, Анџелу го поминала патот од млада мајка која работи како стриптизета, па сè до авторка на најпопуларните песни кои се рецитирани и на инаугурацијата на американските претседатели.

Таа работела како глумица, пејачка и танчарка во 1950-тите и 1960-тите, а во 1970-тите успеала како писателка со својата автобиографија.

Повеќе години била професорка по американски студии на универзитетот Вејк Форест во Северна Каролина.

Подолу може да погледнете снимка на која Маја Анџелу ја рецитира „And Still I Rise“, една од нејзините најпознати песни.

ОкоБоли главаВицФото