Глоб

31.05.2014 12:50
Глоб

Глоб е старофранцуски збор изведен од латинскиот globus, округол предмет, топка. Global е компаратив: потопчест, поокругол - и, интересно, зборот првпат е употребен пред неколку години во смисла дека некои права се поглобални од други, а и дека социјалните права потешко се глобализираат од некои други.

Изведенки: глобализација, глобализам, глобалист, глобален, глобално затоплување, и што и да значи: трансглобално.

Спротивно е: локално, национално, регионално.

А гледај го ова: глобализација е процес со кој регионалните економии, општества и култури се интегрираат во глобална мрежа преку политички идеи и преку комуникација, превоз и трговија, директни странски инвестиции, текови на капиталот, миграции, ширење на технологијата и военото присуство.

Тука нема спор. Она што е денес глобализацијата, до вчера беше ослободување на Христовиот гроб, ширење на христијанството и слободната трговија со луѓе, искоренување на пониските раси, воведување работна етика, бришење на асоцијалните групи, воспоставување систем од секаков вид...

Самиот збор глобализација, секако, не можел да значи ништо пред физичките докази и победата на идејата дека Земјата е округла. Дотогаш светот живеел на рамна плоча, па низ неа не „сферувал“ глобализмот, туку се ширеле освојувачи, империи, екуменизам, демократија, космополитизам, интернационализам.

The Globe е име на кратковечниот лондонски театар за кој пишувал и во кој играл вечниот Вилијам Шекспир.

Извор: vreme.com

Слични содржини

Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор

ОкоБоли главаВицФото