Една четвртина од избраните европратеници се посветени на ЛГБТИ еднаквоста

02.06.2014 09:11
Четвртина од избраните европратеници се посветени на ЛГБТИ еднаквоста

Сто осумдесет и два пратеника (околу 25 проценти) од избраните членови на Европскиот Парламент кој има седумстотини педесет и еден член ја потпишаа заклетвата на ИЛГА-Европа со која се обврзаа на унапредување на човековите права и ЛГБТИ еднаквоста во следните пет години.

Сто осумдесет и два пратеника (околу 25 проценти) од избраните членови на Европскиот Парламент кој има седумстотини педесет и еден член ја потпишаа заклетвата на ИЛГА-Европа со која се обврзаа на унапредување на човековите права и ЛГБТИ еднаквоста во следните пет години.

Откако минатиот јануари започна Come Out кампањата, ИЛГА-Европа и нејзините членови побараа поддршка од кандидатите во сите земји членки на ЕУ за нејзината заклетва во десет точки. Илјада сто деведест и четири кандидати од сите дваесет и осум земји членки на ЕУ ги поддржаа десетте приоритети на ИЛГА-Европа за ЛГБТ правата во следниот состав на Европскиот Парламент.

Габи Калеха, кораководител на извршниот борд на ИЛГА-Европа, изјави:

„Им благодариме на сите кандидати кои ја поддржаа нашата заклетва. Големиот број поддржувачи значи растечка поддршка за ЛГБТИ еднаквоста. Вистинската работа започнува сега. Ветувањата кои беа дадени треба да бидат трансфоримрани во дела. Европратениците кои ја потпишаа заклетвата мораат да бидат водечката сила за човековите права и ЛГБТ еднкавоста во следниот состав на Европскиот Парламент. Нивниот прв тест ќе биде да осигураат дека следниот состав на Европската Комисја ќе биде посветен на усвојувањто на Европската ЛГБТ стратегија како и на внатрешната ЕУ стратегија за човекови права“.

Таа исто така додаде:

„Мораме да им се заблагодариме на сите ЛГБТИ групи и сојузници кои се мобилизираа за оваа кампања да биде успешна. Нашата кампања е доказ дека мобилизацијата на граѓаните може да има успех“.

Коментирајќи ги резултатите од изборите за Европскиот Парламент, Пауло Корте
-Реал, член на извршниот борд на ИЛГА Европа, рече:

„Резултатите од изборите ја потресоа цела Европа поради зголемената поддршка на крајно десничарските партии кои ќе бидат дел од Европскиот Парламент. Меѓутоа, мнозинството во парламентот е сѐ уште во рацете на политички групи кои ја поддржуваат идејата за Европска Унија во која се почитуваат основните права и во која се води борба против дискриминацијата. Ќе продолжиме да работиме со сите партии кои се целосно посветени на агендата на човековите права и ЛГБТИ еднаквоста за да ја зајакнеме меѓупартиската поддршка која е најмногу потребна со цел се унапредат достоинството, еднаквоста и социјалната правда во Европа.

Извор: ILGA-Europe / coalition.org.mk