Нежниот глас на армијата

02.06.2014 11:03
Нежниот глас на армијата

Полковникот Еинав Шалев е олицетворение на „бенигната страна“ на израелските одбранбени сили. Тој е див „Давид Нахлави“ - војникот од бригадата Нахал снимен како репетира пушка на палестински тинејџер во Хеброн, а подоцна на друг му се заканува дека „ќе му ја скине главата“. Шалев не е ниту оној граничар кој уби двајца млади на граничниот премин Беитунија, ниту војникот на оклопниот баталјон кој уби друго момче од селото Деир ал-Асал. Полковникот Шалев, денешниот шеф на операциите во Централната команда на IDF, го завршил Факултетот за национална одбрана и бил командант на резервната тенковска бригада. Изгледа питомо, убаво зборува и има милозвучно презиме („Шалев“ на хебрејски значи „мирољубив“). Што друго може да се каже за него освен дека е човек на место?

Пред еден месец, овој примерен офицер, одликаш на IDF, дојде во Кнесет да поднесе извештај пред Одборот за безбедност и односи со странство, задолжен за Јудеја и Самарија, за војната која оваа војска, најморална од сите, ја води против бесправните градби. Известувајќи за овој парламентарен настан на 21 мај, мојата колешка Амира Хас го цитираше фин полковник: „Сметам дека кога имаме движење на оклопни возила во овие области, како и движење на илјадници војници, луѓето се тргаат. Во местата каде што значително го намаливме интензитетот на обуката, се намножи плевел“, рече тој, мислејќи на палестинската заедница. „Тоа е нешто што треба да се има предвид.“

Зборовите на Шалев секако треба да се имаат предвид. Тој призна дека една од целите на обуката на IDF во долината Јордан е протерување на нејзините жители, плевелот кој предизвикува бесправно градење. Да ги оставиме настрана за момент зборовите на двајцата присутни пратеници (Еврејски дом), нашите познаници Орит Строк („како знаете дека Бедиунот навистина е Бедиун?“) и Мордехаи Јогев („постои разлика помеѓу Арап со куќа во градот Тубас кој треба да го избркате таму и некој што логорува во таа област и кога ќе го избркате само ќе се пресели во соседната долина“), чии зборови соврешно се вклопуваат во карактеризацијата на Амос Оз на неонацистичкото однесување. Замислете само кога некој европски пратеник би изнесол слични коментари за Евреите.

Да се сконцентрираме на зборовите на овој висок офицер. Добро го познавам „плевелот“ на полковникот Шалев - Буршан Башарат и Хакам Абу ал Кабаш, двајцата пастири; Жители на Хомс и Кирбет ум Ал-Џамала, Калат Макул и Кирбет Ејн Карзалија. Тоа се сиромашни фармери кои живеат во речиси нечовечки услови, како да живеат во некој дамнешен век. Има илјадници жители во долината Јордан кои се тука барем десет години, чии куќи и шатори ги урна војската, оставајќи ги нив, нивните стада и деца на милост и немилост на дождот и сонцето под отворено небо. Познати ми се бруталните чинови и разорувања, стрелиштата кои се градат во близина на секоја шаторска населба за да се заплашат и протераат овие луѓе, земјените наисипи подигнати да им ги пресечат патиштата за транспорт и преживување, како и купиштата камења кои некогаш биле нивни села. Полковникот Шалев се гордее со тие акции, со „добрата пракса која војската ја следи“ и сака да ги има повеќе.

Во едно видео интервју кое еднаш го даде за весникот Israel Hayom, Шалев рече дека се гордее со силата на својата бригада, со нејзината оружена сила и военото наследство. Во една прилика организираше на родителите на војниците од неговата бригада да им се испратат магнети со амблемот на бригадата и неговата приватна мејл адреса. Тоа е трогателно. Во една статија која ја напиша за двомесечникот на IDF Ma’arachot, под наслов „Подемот на воените лидери“, рече дека „довербата на граѓаните во командантите на IDF ќе се обнови по нивните успеси и одлуките во идните војни“ - типично воено клише.

Навистина, IDF во последно време е загрижена поради нарушувањето на својот углед и угледот на своите команданти. Високите офицери се жалат дека војската трпи сѐ посилни удари. Знаете, борбата за буџетот на IDF бара светата крава да се претстави како жртва. Но, имајќи ги предвид зборовите на еден од нејзините високи офицери, кои луѓето ги нарекува „плевел“, дехуманизацијата на луѓето кои се обидуваат да преживеат во бесправно подигнатите куќи и употребата на војската за воени злосторства со исклучиво политички мотиви, т.е. за етничко чистење во долината на Јордан, не би се рекло дека војската трпи напади. Токму за тоа треба да го осудите Шалев и IDF, но ова поминува без многу врева - дури и со одобрување. На крајот на краиштата, полковникот Шалев е во подем. Запамтете го тоа име - Еинав Шалев.

Извор: Haaretz, 25.05.2014

ОкоБоли главаВицФото