Нови македонски знамиња

02.06.14 13:30

Во новиот дизајнерски мини-проект, македонскиот графички дизајнер Небојша Гелевски нуди пет идејни решенија за ново македонско знаме. Со минималистички израз, во своите креации тој создава иронични, сугестивни и моќни слики кои говорат за мизерната состојба во која се наоѓа македонското општество. Благодарение на хуморот што го содржат, знамињата донекаде го разбиваат мрачното чувство што се јавува кај гледачот, откако на едноставен начин е потсетен во каква тоа средина живее.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото