Погребна поворка за белите дробови по повод Светскиот ден на животната средина

04.06.2014 10:11
Погребна поворка за белите дробови по повод на Светскиот ден на животната средина

По повод Светскиот ден на животната средина на 5 јуни 2014 во Скопје, а на 06 јуни во Битола, ќе се одржи настанот под име Погребна поворка за белите дробови. Настанот е организиран од страна на НВО Еко Свест од Скопје, НВО Биосфера од Битола, Дебатното Кино Контра Кадар од Битола и порталот Енергетска ефикасност.

Во Скопје манифестацијата ќе се одржи на 5 јуни 2014 година со почеток во 11:00 часот пред меморијалниот музеј на Мајка Тереза.

Во Битола истиот настан ќе се одржи на 6 јуни година со почеток од 11:00 часот на плоштад Магнолија. Белите дробови ќе прошетаат низ Широк Сокак од 11:30 до 12:00 часот.

По настанот во просториите на Општина Битола ќе се одржи предавање на тема „Примена на обновливите извори на енергија“, а од 20:00 во организација на Дебатното кино Контра Кадар ќе се организира проекција на филмот за најзагадениот град на светот.

Извор: energetskaefikasnost.info

ОкоБоли главаВицФото