Наскоро кафе со марихуана во САД

04.06.2014 15:15
Наскоро кафе со марихуана во САД

Граѓаните на Вашингтон наскоро ќе можат да купат кафе во кое е вбризгана одредена количина марихуана. За сега се тече според планот, а напитокот кој симболично ќе се вика „Legal“ би можел да се најде во продажба уште следниот месец.

Студеното кафе ќе се продава во стаклени шишенца и ќе содржи околу 20 милиграми THC. Ефектот кој корисникот би го почувствувал по испиеното кафе со марихуана би бил „како по испиена чаша вино“, вели Адам Стајтс, еден од произведувачите.

„Ова кафе удира директно во глава. Сакавме да постигнеме ефект сличен како од специјалното индиско пиво IPA (India Pale Ale) или од чаша вино. Нема да ставаме многу THC за да не им биде непријатно на потрошувачите, посебно на оние кои првпат се среќаваат со марихуаната“, додава Стајтс.

Корисниците на марихуана веќе подолго време ја додаваат омилената тревка како додаток во разни јадења и пијалаци, а најмногу во колачите. Исто така, веќе со години некои корисници ја ставаат во кафе или во топло чоколадо. Уште не е познато дали „Legal“ ќе биде достапно во Колорадо, американската држава во која марихуаната исто така е легална.

Извор: Huffington Post