1034 hPa
45 %

6 °C
Скопје - Сре, 19.03.2025 08:59
Книгата „Хајди“ е една од најпопуларните книги за деца на сите времиња. Истовремено, таа со години претставува предизвик за голем број илустратори. Меѓу нив е и Леонард Џозеф Вајсгард, американски илустратор и писател, автор на повеќе од 200 книги за деца.
Вајсгард е роден 1916 година во Њу Хејвен, Конектикат, најголемиот дел од детството го поминува во Англија, а во 1951 година се преселува во Копенхаген, Данска, каде што умира во 2000 година.
Првата илустрирана книга на Вајсгард е „Suki the Siamese Pussy“, објавена 1937 година, а голем дел од книгите подоцна ги реализира во соработка со писателката Маргарет Вајс Браун. Првата зедничка книга на Вајсгард и Браун е објавена 1939 година, две години откако тој дебитира како писател и илустратор.
Книгата на Браун „The Little Island“ која таа ја објавува под псевдонимот Golden MacDonald, а ја илустрира Вајсгард, во 1947 година ја добива наградата Caldecott Medal за најдобра детска илустрирана книга.
Подолу можете да ги погледнете илустрациите на Леонард Вајсгард за култната „Хајди“.
Извор: myvintagebookcollectioninblogform.blogspot.com