1004 hPa
93 %
0 °C
Скопје - Чет, 22.01.2026 21:00

Монтажните куќи „Солета“ на FITS се енергетски независни претставуваат одржливо станбено решение.
Дали е можно во време кога енергијата е сѐ поскапа, да се најде евтино и одржливо станбено решение? Романската фирма Justin Capra, фондација за одржливи технологии и пронајдоци, или скратено FITS, претстави едно можно решение. Монтажните куќи „Солета“ на FITS се енергетски независни, а достапни се повеќе типови со различен дизајн.
Куќите „Солета“ нудат различни решенија, во зависност од буџетот на купувачот. Можат да се вградат системи за користење на енергијата на ветерот и сонцето, систем за искористување на геотермалната енергија, па дури можат да се инсталираат и системи за собирање дождовница.
Најмалата куќа „Солета“ има вкупно 48 метри квадратни со поткровје, а нејзината цена се движи околу 25.000 евра, додека најголемата куќа има околу 100 метри квадратни и чини 57.000 евра. Сите куќи се продаваат со десетгодишна гаранција.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)



Извор: www.designrulz.com