Откритие на студенти од Електро: единствен можен однос меѓу мажот и жената е пријателството!

11.06.2014 09:11
Откритие на студенти од Електро: единствен можен однос меѓу мажот и жената е пријателството!

Скопје, 11 јуни 2014

Пријателството е единствениот можен однос меѓу мажите и жените, гласи заклучокот од петгодишниот истражувачки проект изработен на Електротехничкиот факултет во Скопје.

Во студијата учествувале повеќе од 200 машки студенти од ЕТФ кои последниве пет години се набљудувани во секојдневните ситуации на комуникација со жени од сите возрасти и со различен социјален сатус. Без оглед на атрактивноста, интелигенцијата и образованието на жените, во 100% од случаите по запознавањето доаѓало до развој на платонско пријателство.

Во извештајот од истражувањето на ЕТФ се наведува дека постои опасност за иднината на човечкот род, бидејќи резултатите од теренот велат дека жените немаат сексуален однос со мажите и дека сите се само пријатели.

„Единствените сексуални односи кои студентите од ЕТФ ги забележале во последните 5 години се оние во порно клиповите од интернет, а познато е дека во тие односи не доаѓа до зачнување, бидејќи мажот ејакулира некаде по телото или лицето на жената, така што сме сериозно загрижени за наталитетот на човештвото“, вели Горан Платончев, еден од студентите кои работеле на истражувањето.

Истражувањето покажало дека повеќе од 74% од машките студенти не можат ни да започнат разговор со девојка која изгледа многу атрактивно, така што самото остварување на пријателство и фактот дека разговараат со убава жена им е сосема доволен на повеќето студенти.

Сепак, со оглед на тоа дека секојдневно на улица се појавуваат новородени деца, истражувачите од ЕТФ заклучиле дека „постои веројатност нивните другарки да имаат секс некаде, со некои луѓе кои постојат во некој паралелен универзум“.

За да ја потврдат оваа претпоставка, студентите најавиле ново истражување кое ќе вклучи тајно надгледување на другарките со уфрлање шпионски камери во нивните чанти, за да се утврди дали тие девојки сепак имаат секс со некои други луѓе кога не седат со своите другари во кафуле и им зборуваат за своите проблеми.

Извор: www.njuz.net