„Agender“: серија интимни портрети на трансродови лица

11.06.2014 09:07
„Agender“: серија интимни портрети на трансродови лица

Откако американскиот средношколец Саша Флајшман, кој не се идентификува ниту како машко ниту како женско, станал жртва на насилство од омраза, фотографката Клои Афтел почнала да го документира животот на младите луѓе кои не се изјаснуваат за својот пол.

Флајшман заспал во училишен автобус и се разбудил во пламен. Овој 18-годишник на себе имал машка кошула и здолниште. Очигледно тоа на некого му пречело, па фрлил запалка врз него.

Суровиот напад предизвикал изгореници од трет степен, па морале да бидат извршени повеќе операции. Клои Афтел го фотографирала Флајшман за едно Сан Франциско Магазин само неколку недели откако е пуштен од болница.

Оваа фотографка ја продолжила својата работа на оваа тема и настанатата серија фотографии ја нарекла „Agender“. Серијата претставува збирка составена од интимни портрети на млади луѓе, еден обид за визуелизирање на проблемите со кои се среќаваат лицата кои во своето тело се чувствуваат сосема различно отколку што би се претпоставило според надворешниот изглед.

„Мислам дека многу луѓе сакаат да гледаат на родот како скала помеѓу розовата и сината боја. Никогаш не се идентификував со ниту една од тие страни, ниту пак бев помеѓу розовата и сината. Работата е многу посложена - мојот идентитет варира толку многу на дневна база. Понекогаш им велам на луѓето дека сум златна, или така нешто“, вели еден од моделите фотографирани во серијата Agender.

Извор: www.featureshoot.com

ОкоБоли главаВицФото