1011 hPa
88 %
14 °C
Скопје - Нед, 06.10.2024 02:04
Предвоениот Лексикон на странски зборови и изрази на Вујаклија не знае за зборот хулиган, па ни за неговото потекло.
Вебстер лаконски кратко и јасно вели дека тоа во сленгот е назив за млад силеџија или насилник.
Потеклото на изразот е неодоливо: Hooligan или Hoolihan е презиме на некое ирско семејство од квартот Саутварк, Лондон. Каква слава!
Енциклопедиите/речниците повеќе склони кон дескрипција и подолги објаснувања спомнуваат поголем број теории. За да може да биде изведен од презимето или надимакот на вистинско или измислено ирско семејство од популарните мјузик-холови од крајот на XIX век. Кларенс Рук во 1899 година го објавил романот „Хулигански ноќи“, со тврдење дека зборот е крстен по Патрик Хулихан или Хулиган, ирски крадец од Саутварк, и неговото семејство/банда. Други додаваат дека тоа диво селско семејство се преименувало во О’Холохан, за така да стане „поирско“. Трети мислат дека зборот потекнува од името на уличната банда Хулеј од Ислингтон. Итн.
Зборот хулиган првпат е испечатен во извештај на лондонската полиција од 1894, кој ја спомнува уличната банда позната под името Хулиган бојс или О’Хулиган бојс. За изразот хулиганство (hooliganism) е заслужен лондонскиот весник „Дејли график“ од 1898. А потоа до ликовите, делата и описите се докопале Артур Конан Дојл (1904), Херберт Џорџ Велс (1909) и други... Па, на почетокот и на крајот, и хулиганите.
Стигнало и до сѐ уште живиот Советски сојуз, каде во 1987 година младиот германски државјанин Матијас Руст - кој во својата нисколетечка „Цесна“ успеал да стигне до Москва и да атерира на Црвениот плоштад - осуден и поради хулиганство.
Нема многу примери на зборови крстени по имиња на луѓе. Крадецот и убиец Бараба, ослободен за неговото место на крстот да го заземе Исус. Долговечниот генерал Метју Банкер Риџвеј (1895-1993), кој во времето на Корејската војна стана и до денес опстана како име на контролорите во Градскиот сообраќај во Белград.
А имаше и еден Стева, по кого, тогаш сѐ уште жив, другарот Тито го доби името.
Извор: www.vreme.com