Промоција на книгата „Љубов на улица“ од Ана Голејшка

16.06.2014 08:43
Промоција на книгата „Љубов на улица“ од Ана Голејшка

На 17 јуни (четврток) на платото пред МКЦ ќе се одржи промоција на првата поетска книга на младата македонска поетеса Ана Голејшка. За книгата ќе зборува Никола Маџиров, а стихови ќе чита авторката, заедно со пријателите.

Книгата, која е составена од осумдесетина песни, пишувани во различен временски период, излезе во издание на Култура кон крајот на 2013 година.

 

МАЛКУ ПОСЛЕ ПОЛНОЌ

Веќе понеделничка
Џез сесија.
Креветот ми е Месија
пак ќе ме спасува
од реалноста.

Не знам што сакав да кажам
се надевам ме разбравте.
Понекогаш сета поезија лежи
во читателското (недо)разбирање.
Се плашам дека ако легнам
ќе ги најдам соништата
како ме демнат под креветот
носат ролшуи
френетично се возат
како на буги лизгалиште од просечен
американски филм
и прават бучава.
Се плашам да не чујат соседите,
кој ќе им објаснува
дека една поетеса
вечерва
Се инспирирала.

Повеќе песни од книгата „Љубов на улица“ може да прочитате овде.