Сплитски квир разгледници: наместо недостижните идеали, да ги славиме стварните тела

16.06.2014 10:14
Сплитски квир разгледници: наместо недостижните идеали, да ги славиме стварните тела

Непосредно пред одржувањето на сплитскиот Прајд, колективот queerANarchive во знак на поддршка создаде серија разгледници, со фрагменти од сосема обични машки тела, кои донесуваат доза телесна сексуалност во активистичкиот дискурс.

Фотографиите употребени за разгледниците се инспирирани од оние кои се наоѓаат на геј сајтовите и апликациите за „дејтови“, а тоа првенствено значи дека го почитуваат принципот на дискреција и лицата во поголемиот број случаи се невидливи, а телата се разголени. Меѓутоа, овде не станува збор за заговарање дискреција, туку за начин на комуникација кој заедницата би можела лесно да го препознае. Друга компонента преземена од истите сајтови и апликации е категоризацијата на телата во понудените рамки. Jock, twink, hunk, bear, muscle, daddy и сл. се само некои од категориите кои постојат и во кои геј поединците се обидуваат да се пронајдат.

За секое тело од задната страна на разгледницата е наведена и една од тие категории. Меѓутоа, токму тука се очитува грешката. Тешко е стварните тела да се вклопат во идеалите кои ги наметнуваат стереотипите. Разгледниците исто така го преиспитуваат односот на стереотипите и идеалите со стварноста, преку цитатот кој реферира на делото „Историја на уметноста на стариот век“ на Јохан Јоаким Винкелман од 1764 година, во кое авторот, лигавејќи се над идеалното тело на Аполон Белведерски, доаѓа до спознание дека идеалите настануваат со „спојувањето на убавите делови од различни тела“, и дека не постојат во стварноста.

Испревртувајќи го процесот кој Винкелман го препознал, разгледниците поаѓаат од недостижните идеали, а убавината ја наоѓаат во несовршените т.е. стварните тела. Наместо херојските доблести кои се врзуваат за идеалите, разгледниците донесуваат приземни страсти и упатуваат на телесната сексуалност, која повторно е дополнително нагласена со сексуалните преференци на поединечните тела кои се сместени во некоја категорија на задната страна од разгледницата.

Крајната цел на целиот проект, кој се спроведува преку работилници за квир фотографија во мај и јуни, е да потсети на односот на телесноста и сексуалноста како еден од поважните односи во формирањето на квир и геј идентитетот, и општествените односи кои произлегуваат од овие идентитети. Целиот проект се спроведува со финансиска помош на Министерството за култура на Хрватска.

Извор: pogledaj.to