Favela World Cup: Бразилски графити против светското првенство

17.06.2014 08:11
Favela World Cup: Бразилски графити против светското првенство

Во деновите кога целиот свет го следи Светското првенство во фудбал кое се одржува во Бразил, голем дел од населението во земјата протестира против оваа спортска манифестација. Протестите кои започнаа неколку месеци пред почетокот на првенството во некои градови сè уште траат.

Очигледно, на голем број Бразилци поважни им се социјалната сигурност, инфраструктурата, здравството, образованието и вработувањето, па на светското првенство гледаат како на еден скап циркус.

Освен високата свест на Бразилците кои протестираат, пријатно изненадување е и активноста на бразилските уметници, кои ги преплавија градовите во својата земја со десетици, па и стотици графити со пораки против ФИФА и првенството.

Можеби најголемо внимание доби муралот на уметникот Пауло Ито, кој нацрта гладно дете што плаче, а во чинијата за јадење има фудбалска топка. Но, освен муралот на Ито, на улиците на бразилските градови се наоѓаат вистински ремек-дела на аквитистичката, протестна уметност.

Подолу може да погледнете дел од поновите извонредни графити.

Извор: radiosarajevo.ba

ОкоБоли главаВицФото