Научници откриле маж кој ја сака само својата девојка

17.06.2014 11:22
Научници откриле маж кој ја сака само својата девојка

Чарлстон, 17 јуни 2014

Тим научници од институтот „Ијан Флеминг“ во Западна Вирџинија пред два дена го објави откритието кое ја шокираше светската јавност: маж кој чувствува сексуална привлечност исклучиво кон својата девојка со која веќе три и пол години е во врска. Станува збор за Ричард Лирој, службеник во американската државна администрација.

Моногамниот маж наклонет само кон една жена досега постоеше само во научно-фантастичните романи на сестрите Бронте и останатата романтична SF литература. Меѓутоа, сега наидуваме на вакво нешто во реалниот свет.

„Бевме подеднакво изненадени кога го гледавме мозокот на Ричард на магнетна резонанца. При покажувањето на фотографиите од зајачиците на Плејбој во сите пози, центрите за сексуална возбуда во неговиот мозок не покажаа никаква реакција, како ниту сензорите за покачување на крвотокот кои ги приклучивме на неговиот пенис. Од друга страна, кога ќе му покажевме фотографии од неговата девојка, дури и целосно облечена, тој покажуваше важни знаци на возбуда“, вели доктор Јохито Корашима, директор на институтот.

Научниците сакале да утврдат до кои граници оди ова однесување, па ја мереле активноста на мозокот на Ричард додека во скутот му игра позната њујоршка стриптизета. Меѓутоа, ни тогаш немало никакви реакции. Пробале да му покажат и фотографии од голи мажи, за да утврдат знаци за евентуална хомосексуалност, но без успех. Единствена сексуална возбуда која Ричард ја доживува е онаа кога ја гледа својата девојка.

„Сѐ уште не сме сигурни како се случи ова чудо на природата, но едно е сигурно - ова сознание отвора нова страница во областа на прочување на машко-женските односи и сексуалност“, изјави доктор Корашима.

Жените ширум светот се одушевени од оваа вест и Ричард секојдневно добива илјадници мејлови во знак на поддршка.

„Ти благодарам што постоиш“, одушевено пишува Мериен од Австралија. „Сега конечно имам покритие кога го напаѓам моето момче затоа што флертува со девојки на Фејсбук и гледа порно филмови. Веќе со години му велам дека постојат и поинакви мажи од него, но сега навистина имам и доказ за тоа“, пишува обожавателката.

Извор: www.njuz.net