1003 hPa
81 %
8 °C
Скопје - Сре, 17.04.2024 22:03
Во своето мислење за случајот: 07-576 Д. Н против Основниот суд Скопје – II Скопје (претставка за дискриминација врз основа на религија или верско уверување од страна на судот) комисијата се прогласува за ненадлежна заради тоа што:
Комисијата нема надлежност да постапува по претставки кои веќе за истата работа биле поведени и завршени пред суд.
Што е глупо во ова?
1. На овој начин се стекнува впечаток дека судиите се безгрешни и дека можат слободно да си практикуваат дискриминација заради тоа што дискриминацијата се случува во процесот на судење, што е апсолутно неточно. Имено, во Законот за судовите (во чл. 76) е предвидено дека за потешка дисциплинска повреда за која се поведува постапка за дисциплинска одговорност на судија за разрешување, се смета:
„повреда на начелото на недискриминација по кој било основ“
2. Глупо е што членовите на комисијата или лажат или не знаат дека можат да упатат свое мислење за направена дискриминација од страна на судија до Судскиот совет и да побараат тој дисциплински да одговара. Ако никој не им кажал:
Судскиот совет на Република Македонија во рамките на својата надлежност, согласно Законот за Судски совет на Република Македонија и Деловникот за работа на Судскиот совет на Република Македонија, помеѓу другото е надлежен да постапува по претставки и поплаки на граѓаните и правните лица за работата на судиите и судовите.
Тоа значи дека комисијата може да донесе мислење со кое ќе утврди дали постоела или не постоела дискриминација во процесот на одлучување на кој било орган (па и судот) и доколку утврдат дискриминација, тоа мислење да го процесира до соодветните органи кои понатаму треба да решаваат.
3. Глупо е што се имплицира безгрешност на уставните судии. Меѓутоа, според Уставот на Република Македонија тие можат да згрешат и можат и да бидат разрешени од должност (чл. 111).
4. Глупо е што Европскиот суд за човекови права може да донесе одлука со која се утврдува дискриминација во постапката (врз основа на Европската конвенција за правата на човекот) и тогаш сите ќе видат колку е глупо.
Наградно прашање: зошто членовите на Комисијата за заштита од дискриминација донеле вакво мислење:
1. Затоа што не знаат
2. Затоа што ја штитат власта
3. Некоја друга причина, наведи која _________________
Извор: kvadraturanakrugot.crnaovca.mk
Слика: Вилијам Хогарт