Музичка архитектура

20.06.14 13:36

По серијата уметнички дела трансформирани во згради, италијанскиот архитект, уметник и илустратор Федерико Бабина реши да претстави преку архитектурата и 27 музички остварувања: од Мајлс Дејвис, преку Мајкл Џексон, па сè до Моцарт и Бах.

Според авторот, музиката и архитектурата се интимно поврзани со вонвременска енергија. Во позадина на едната и другата сфера се наоѓа код и ред кој е близок до математиката и геометријата. Музичките облици, форми и тонови овде на извонрден начин се преточени во бои и облици.

Подолу може да погледнете дел од 27-те парчиња музичка архитектура.

Извор: federicobabina.com

ОкоБоли главаВицФото