Бебе едвај чека да порасне за да се наспие како човек

20.06.2014 13:30
Бебе едвај чека да порасне за да се наспие како човек

Скопје, 20 јуни 2014

Александар Марковски признава дека тешко му паѓаат честите ноќни будења и дека нестрпливо очекува да порасне за конечно да се наспие како човек.

„Не знам зошто воопшто се вели 'спие како бебе' кога сум ненаспан од денот кога мама и тато ме донесоа од болница“, се жали Александар.

„Немаше ноќ да не се разбудам и да не плачам, барав да јадам. Се случува да се помочкам или покакам, а од спиењето нема ништо. Тогаш родителите мораат да ме пресоблечат па ме носат низ куќата, пеат песнички за да се смирам и конечно да заспијам. Понекогаш ми се чини дека се будам без никаква причина и дека плачам само за да ги мачам мама и тато. Тогаш си личам на тежок намќор од дете. На сета мака, уште не знам да зборувам па не можам да кажам што точно ми фали. Знам дека сето тоа е нормално за деца на моја возраст, но понекогаш навистина ми здосадува, па едвај чекам да пораснам и да се наспијам како човек“, нестрплив е тој.

Неговиот татко Петар признава дека целосно го разбира своето дете и дека и самиот поминал низ тоа кога бил бебе.

„Мајка ми велеше дека и јас така сум се будел навечер, понекогаш сум плачел без никаква причина, па имам разбирање за она низ коешто поминува Александар. Сепак, знам дека набрзо, за една година, проблемите со несоницата ќе исчезнат, па конечно ќе можам добро да се наспијам“, оптимист е Петар.

Извор: www.njuz.net