Предностите на пишувањето со рака во однос на типкањето на тастатура

23.06.2014 12:05
Предностите на пишувањето со рака во однос на типкањето на тастатура

Пишувањето со рака активира подрачја во мозокот кои ни помагаат да учиме подобро и побрзо; со користењето на тастатурата штедиме многу драгоцено време, но пишувањето со рака има мноштво предности.

Повеќе истражувачи утврдиле дека децата кои знаат да пишуваат со рака, побрзо учат да читаат. Тие исто така се подобри во задржувањето на примените информации и во изнаоѓањето нови значења и нова смисла.

„Додека пишуваме, автоматски се активира единствениот невронски круг. Тоа е срж за препознавање на начинот на изразување во светот на пишаните зборови, своевидно препознавање на менталната симулација која се одвива во вашиот мозок“, вели Станислас Дехаен, психолог од Collège de France во Париз.

Една студија спроведена на Универзитетот Индијана во САД покажала дека во мозокот на децата при пишувањето со рака се активираат три подрачја - левиот фузиформен гирус, инфериорниот фронтален гирус и задниот париетален кортекс. Тоа се истите подрачја кои се активираат и кај возрасните кои учат да читаат и пишуваат. Кај децата кои пишувале на тастатура или само ги следеле буквите, немало никакво активирање на овие подрачја.

Карин Џејмс, учесник во истражувањето, вели дека зад тоа стои збрката вклучена во слободното обликување на начинот на кој пишуваме со рака. Кога пишуваме на тој начин, мораме да планираме и да извршиме акција за на крајот да испорачаме конкретен резултат во облик на букви и зборови.

„Тоа е една од првите демонстрации на мозокот кој се менува под влијание на вежбањето“, објаснува Џејмс. Останатите студии, кои ги споредувале перформансите на децата кои ги пишувале своите текстови со рака и оние кои пишувале на тастатура, покажале дека децата кои пишуваат со рака продуцираат повеќе зборови и оригинални идеи, од оние кои користат тастатура. Не изненадува тоа што истражувачите откриле и дека децата со подобар ракопис покажале исклучителна активност во работната меморија. И тоа не важи само за децата.

Правењето белешки со рака може да помогне за побрзо и подобро учење. Истражувањата укажуваат дека се случува благодарение на фактот дека информациите пред запишувањето мораат да се обработат и преобразат.

„Во денешно време луѓето побрзо пишуваат на тастатура отколку што пишуваат со рака, но луѓето кои го прават првото се склони кон тоа само буквално да ја пренесуваат содржината која ја слушнале“, вели Пам Мелер од Универзитетот Принстон.

Извор: ScienceAlert

ОкоБоли главаВицФото