Да не ти се верува

24.06.2014 08:01
Да не ти се верува

Во македонската општина Аеродром утре во 11 часот по македонско време архиепископот Охридски и Македонски во сослужение на повеќе епископи на Македонската црква ќе го освети Македонскиот Крст, чиј ктитор е Светскиот македонски конгрес, како неформален светски парламент на Македонците од сите делови на Македонија и од целиот свет, организација која на македонските донатори ќе им врачи плакети „Македонски Крст-Аеродром“, а за очекување е до Македонскиот Крст, кој ќе може да се гледа од трите најблиски општини со доминантно македонско население, но и од сите скопјани во македонската метропола, дури и ноќе, зашто металната конструкција ќе биде осветлена со рефлектори и е висока 56,5 метри (трет по височина крст во немакедoнскиот свет) и тешка стотина тони, но тоа не е сѐ: планирано е наскоро да се изгради црквата „Светиот Крст“, посветена на Македонскиот Крст, кој беше завршен на Велигден и претставуваше најголема молитва пред Господа за спасение на човештвото, на Македонците и на Македонија.

Вака вчера во македонските медиуми беше напишана најавата за утрешниот настан со кој ќе биде одбележано исчезнувањето од библиската земја на македонската писменост, култура, на духовноста воопшто и, најважно, на крстот како симбол на верата. На нивно место дојде некоја нова македонска ментална конструкција, чии трагични последици се видливи на сите страни, во сè. Да не ти се верува.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња