Кампања на Amnesty International: мачете го човека и ќе ви каже сè што сакате да слушнете

25.06.2014 08:30
Кампања на Amnesty International:

Рекламната агенција Air ја потпишува најновата кампања на организацијата Amnesty International, која на свој препознатлив провокативен начин повикува да се крене гласот против тортурата. Кампањата е создадена непосредно пред Светскиот ден на борба против тортурата, кој се одбележува секој 26 јуни.

На постерите од оваа кампања гледаме „претепани“ повеќе слвни личности: Далај Лама, модниот дизајнер Карл Лагерфелд и музичарот Иги Поп, а сето тоа е проследено со слоганот „мачете го човека и ќе ви каже сè што сакате да слушнете“. Под лицата на славните личности „украсени“ со модринки стојат изјави кои тешко дека тие навистина би ги изговориле некогаш во животот, доколку некој не ги присилил на тоа со брутално мачење.

Така, Иги Поп вели дека иднината на рокенролот е Џастин Бибер, Далај Лама вели дека човек што не поседува Ролекс е неуспешен, а Карл Лагерфелд дека хавајската кошула и апостолките се врв на елеганцијата.

Сепак, од Amnesty International ја употребиле сликата на Иги Поп без да го прашаат пејачот за дозвола, по што организацијата јавно се извини, а овој постер беше повлечен од употреба.

Извор: The Guardian

ОкоБоли главаВицФото