Редок медиумски бисер за фудбалските мундијали

25.06.2014 14:14
Редок медиумски бисер за фудбалските мундијали

Во морето лудачки текстови за фудбалот кои кружат на интернет порталите, овој текст за „темната страна на мундијалот“ сепак се издвојува! Целта нa овој навистина посебен текст е да ги разоткрие „окултните симболи, ритуалните убиства, црната магија, величењето на Луцифер“ кои стојат зад параванот на Светското фудбалско првенство. Не сме баш сигурни дека текстот успева да го направи баш тоа, но она што е сигурно е дека илјадници читатели на глобалната мрежа сигурно имаат подобро расположение откако го прочитале! Да не должиме многу. Во продолжение следува целиот текст, пренесен интегрално, без никакви интервенции.

 

Фудбалот како најважна споредна работа на светот, можеби е единствениот спорт кој може во ист момент да собере неколку милијарди луѓе речиси хипнотизирано да ја следат топката која се тркала по зелениот терен.

Имено, како што сè во животот има две страни, материјална и духовна, добра и лоша, така и фудбалот, кој го има својот врв на Светското фудбалско првенство, има свои две димензии од кои едната е многу морничава.

Овде ќе ви ја претставиме окултната страна на Светското фудбалско првенство, и фактите кои докажуваат дека постои и онаа помалку убавата, и по малку застрашувачка страна на најважната споредна работа на светот. Впрочем, оставаме самите да заклучите дали станува збор за обични случајности или за внимателно осмислен план на илуминатите, масоните и другите тајни друштва кои извираат од сè што нè опкружува, па дури и од навидум бенигниот фудбал.

Фудбалот го основале масоните

Фудбалот сам по себе има своја окултна историја. Имено, историјата на фудбалот доаѓа до паганската древна цивилизација на Маите кои први ја осмислиле оваа, и не толку убава игра. Маите играле фудбал исто така во два тима, шутирале топка онолку долго додека таа не поминела низ обрач кој стоел на ѕидот. Губитничкиот тим бил жртвуван за Бога. Фудбалот се играл кај паганските народи, а наместо топка се користела човечка глава.

Како што може да се види на официјалната страница на ФИФА, тие неодамна објавија дека фудбалските правила, оние кои денес ги знаеме, и фудбалот каков што се игра денес, го основале масоните, односно тајното друштво на Слободните ѕидари. Во Лондон, престолнината на масонеријата, во 1893 година е основан фудбалот од страна на Слободните ѕидари, во масонска гостилница, а тогаш е основан и првиот фудбалски сојуз, па се вообличени сите фудбалски правила.

Зарем не е чудно тоа што сите броеви во фудбалските правила се симболични и многу темелно вообличени? На пример, има точно 11 играчи, а сè во фудбалот има некои свои специфични димензии. Сето тоа е составен дел од нумерологијата на Кабалата и обредите до кои, како што е јавно познато, се придржуваат масоните.

Светското фудбалско првенство - ритуален обред во чест на богот Хорус

Ако тргнеме од официјалниот плакат на ФИФА за ова светско првенство, ќе видиме две работи. На плакатот е насликана глава на птица што на прва топка не мора да биде сомнително, но ако го погледнеме официјалното лого на светското првенство, кое веќе долга низа години ги краси овие плакати, исто така ќе видиме птичја глава која не е тука случајно. Станува збор за симболично оддавање почест на египетскиот бог Хорус и египетското божество Ра.

Ра, понекогаш изговарано како „Ри“ кај Коптите и „Фра“, подоцна и како Амон-Ра, било главно божество во религијата на Стар Египет до петтата династија. Ра главно е поистоветуван со Сонцето, а средиште на неговиот култ бил Хелиополис, што на грчки значи Град на Сонцето.

Ра има глава на орел, додека Хорус, кој е египетски бог со глава на сокол, исто така се поврзува со Сонцето. Заедно со богот Ра, Хорус е здружен во Ра-Хакте. На плакатот се истакнува и едно око на птица, баш како и кај овие богови. Тоа око се користи како симбол на илуминатите и масоните, како око кое сè гледа и контролира, а кај боговите Хорус и Ра, тоа го претставувало божество на Сонцето.

Масоните-основачи на фудбалот ги повикуваат токму овие древни египетски богови. Пехарот на светското фудбалско првенство симболично го претставува божеството на сонцето и тоа е повеќе од видливо, како и симболот на светската контрола во рацете на организаторот (масоните и тајните владетели на светот).

Самата церемонија на отворањето и официјално е наречена церемонија што е само друг збор за ритуал. Вистинската паганска симболика можевме да ја видиме на последното отворање во Јужна Африка, но ниту ова отворање не заостанува со своите окултни симболи. Имено, Бразил, иако претежно католичка земја, оваа година хипнотизираше две милијарди луѓе со кристална топка во средината.

Кристалната топка во магиските и масонските кругови се користи за духовно отворање кон другите димензии. Ако две милијарди луѓе во ист момент гледаат во кристалната топка која сама по себе им фрла на луѓето неразбирливи симболи, можно е да се отвори душата на милијарди за другите димензии. Ако луѓето се несвесни, во тие димензии е можно да се манипулира со нивните души, што е стварност на хипнозата.

Иако Бразил меѓу другото е познат по најголемата статуа на Исус во светот, таа во ниту еден момент не е претставена, туку е претставена кристалната топка, застрашувачката стварност. Кристалната топка исто така може да го означува и богот на Сонцето на кој му се поклонија милијарди.

Церемонијата беше чиста паганштина завиена во психоделија, шаманство и магија. Во мигот кога кристалната топка се отвори поприми стравичен облик. Онака симболично од неа излегоа „подземни суштества“ кои ја забавуваа насобраната маса, баш како што тоа го прави пдоземјето, и во реалниот свет.

Неизоставните окултни броеви

Бројот 6 е број на Сатаната и тоа го знаат сите, а целото ова првенство е обвиено со бројот 6. На пример - церемонијата на отворање на годинешното Светско фудбалско првенство се одржа на 12.6.2014 во 15 часот по бразилско време! Како што тоа е видливо од броевите, станува збор за бројот 666. Понатаму, трофејот на фудбалското првенство тежи точно 12 килограми и 57 грама, што е еднакво на бројот 6: (12+(5+7)) = 3 +12=15; 1+5=6.

Секој ритуал бара свои жртви

Во дамнешните пагански времиња, вистински физички борби се одвивале во арените (гладијаторите итн.) и луѓето буквално морале да се борат до смрт за да разбудат емоции и духовна енергија кај гледачите.

Сето тоа се одвивало во чест на богот на Сонцето, а тоа исто така се случува и денес на фудбалските првенства. Фудбалот не е забава за масите. Тој е производ на тајните друштва основани во чест на разни демони и богови кои го создале фудбалот за да ги произведат емоциите потребни за одржување на божествата. Фудбалот е исклучително популарен, па е просто создаден за големи ритуали во кои можат да се хипнотизираат милијарди.

Паганските богови барале човечки жртви во древните времиња, но ни денес не е ништо поинаку. Последното светско фудбалско првенство се одржа во Јужна Африка, земја во која милијарди невини луѓе умираат од глад. За фудбалот во истиот момент се трошеше неверојатна количина пари. И додека милијарди зјапаат во фудбалската топка како хипнотичка топка, од другата страна, други милијарди умираат. И оваа година е така во Бразил.

Од една страна милијарди луѓе трошат огромна количина пари за забавата наречена фудбал, а притоа не го гледаат гладот и бедата на другиот дел од Бразил и милионите луѓе кои буквално скапуваат од глад.

Вистински ритуални жртви се оние кои бразилските полицајци до крв ги претепуваат по бразилските фавели ако може да и’ се верува на бразилската полиција која на Фејсбук објави шокантни фотографии од убиените деца. Како што јавуваат Бразилците, бразилската полиција во бразилските фавели тепала деца, ги објавила фотографиите на Фејсбук и напишала: Колку е тешка и опасна нашата работа, не се плашиме дека ќе нè убијат, зашто ние одиме да убиваме.

Извор: www.kurir-info.rs