ВМРО-ДПМНЕ бара техничка опозиција за да продолжи дијалогот

25.06.2014 14:41
ВМРО-ДПМНЕ бара техничка опозиција за да продолжи дијалогот

Скопје, 25 јуни 2014

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги постави своите услови за да продолжи дијалогот со опозицијата за враќање во парламентот.

Првенствено ќе се бара техничка опозиција зашто со Заев не може да се преговара, како и одлагање на пописот за уште десет години.

„Нашето барање за техничка опозиција е пореално од барањето на опозицијата за техничка влада, зашто Македонија си доби влада а тоа што ѝ недостига во моментов е опозиција. Ние сме подготвени ако треба да учествуваме во формирањето на техничката опозиција со наши кадри кои не успеаја да влезат во Владата поради пресилна конкуренција. За технички лидер на опозицијата ја предлагаме Роза Топузова, но подготвени сме да разговараме и за други решенија. Важно е да е човек на кој може да му се верува“, велат високи извори во власта.

Од опозициската СДСМ велат дека ќе ги почекаат и другите услови на ВМРО-ДПМНЕ за да се уверат дека намерите им се искрени.

Извор: www.kozanostra.net