Светско првенство во сè друго

27.06.2014 16:09
Светско првенство во сè друго

Како би изгледало Светското првенство кога 32-те земји кои во моментов се натпреваруваат во фудбал би ги „префрлиле“ своите натпревари на други полиња, се прашува порталот Wall Street Journal во статијата „World Cup of everything else “.

Во интерактивниот прилог може да се дознае која од земјите учеснички има најмногу мобилни телефони, која има најголем економски раст, каде се најниски цените на горивата, каде луѓето се најдебели, кој најмногу користи алтернативни извори на енергија, каде има највисока стапка на загинати во сообраќајни несреќи, а кој има најмногу Нобеловци по глава на жител... И уште многу нешта. На тој начин и земјите кои се инаку можеби послаби во овој спорт, покажуваат дека имаат предност на други полиња, навистина, не нужно позитивни. Така, Хондурас има најголем број убиства (дури 90,4 на 100.000 жители), но во Костарика, која можеби нема да стигне многу далеку во Бразил, дури 39% од местата во парламентот заземаат жени. Што се однесува, на пример, до луѓето што годишно гинат во сообраќајки, распонот иде од сообраќајно најсуредената Англија (3,7 загинати на 100.000) до Иран (34 загинати на 100.000). Најмногу невработени, пак, има во Босна и Херцеговина (44,3%), а најмалку во Швајцарија (2,9%). Најбогата земја меѓу учесниците на првенството се САД (53,1 илјади долари по жител), а најсиромашен е Брегот на слоновата коска (1,8 илјади долари по жител годишно). Русите пијат најмногу алкохол (15,1 литар по жител годишно), Грците пушат најмногу цигари, Јапонците имаат најдолг живот (84.5 години); најмногу немажени жени има Бразил (44,6% од жените меѓу 45 и 49 години), најмногу мажени жени, пак, има Иран (87,4 од жените меѓу 45 и 49 години) итн.

Порталот Wall Street Journal го следи фудбалското првенство, и освен овој што го пренесуваме, има уште интерактивни додатоци во кои, на пример, се анализира играта на САД против Гана, се претставуваат националните стилови во постигнување голови (шпанската тики-така, германскиот противнапад, португалскиот one-man army…) итн.

Од балканските земји кои учествуваат на мундијалот во Бразил, се истакнува Хрватска, која е прва по бројот на туристи по глава на жител (дури 2,45)!

Кој во што е најдобар може да погледнете овде.

Извор: pogledaj.to