History in the making: Босна

28.06.14 15:59

„На овие простори со децении се води војна на интерпретации, а она што лесно се превидува, поради сопствените интереси на големиот број инволвирани во случајот на Босна, е едноставноста на вистината ако се разгледуваат само фактите“. Со овој цитат Суада Капиќ и ФАМА ТИМ (Миран Норделанд, Асја Хафнер, Давор Видовиќ) ја најавуваат премиерата на новиот проект на интернет порталите, во продукција на FAMA методологии - R2.1-Videor studio.

Со методологија на документарна анимација, случајот на Босна и Херцеговина се сместува во историски контекст во периодот од 1878 до 2014 година: од Берлинскиот конгрес на кој БиХ е предадена под управа на Австроунгарското царство, преку Сараевскиот атентат, Првата светска војна, создавањето и капитулацијата на првата Југославија, Втората светска војна, создавањето и распадот на втората Југославија, Дејтонскиот мировен договор и пост-дејтонска Босна, па до социјалните протести во февруари 2014, со фокус на реконструкцијата на сараевскиот атентат.

Во едукативното видео кое трае 60 минити и претставува платформа за развој на проектот „Школа на знаење“, можете да гледате:

ТЕМИ ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ (уредничка: Асја Хафнер), за кои зборуваат и ќе зборуваат експерти, интелектуалци, уметници, истричари, а со цел да создадат колекција на мислења и знаења за предавање во формат на јавен час на Балканот, на кој му требаат факти да ја зацврстат сегашноста и иднината, а да го намалат влијанието на политичките манипулации со заедничкото минато: босанскиот случај, војната на интерпретации, политизирањето/употребата на историјата, early warning signs, употреба на митологијата, антифашизам, терор, нација и етницитет, мировниот договор како устав, идентитетот на граѓанинот, директна демократија, класно освестување, 21 век: модернизација на старите теми.

Извор: pescanik.net

ОкоБоли главаВицФото