1022 hPa
81 %
5 °C
Скопје - Чет, 14.11.2024 21:59
Се симнав сабајлево до селската кооперација по „Слободен печат“ и пиво, кога оп, продавачката ми враќа педесет денари и љубезно ми вели:
-Пивото е од владата, господине!
Се шокирав!
Како Ѕинго и Стојменов кога разбрале дека се осудени да бидат богати без вина или како Иван Чаповски кога му јавиле дека Груевски ќе му го врати имотот во Пожарско со помош на магичните писма за морално дискредитирање на империјалните антимакедонисти во Атина, Брисел, Вашингтон и, особено, во Лондон, како Валентина Стевановска кога во чантата што за три евра ѝ ја беше купила баба ѝ го открила првиот милион евра, како светот кога се прошири веста дека лигњата може да еволуира во претседател ако се вика Ѓорѓе и ако доволно долго живее на дното на вмровската каца, или како Илија, Оливер и Нормалниот кога им јавиле дека на едно место во Скопјанг (концертот на Жељко Јоксимовиќ) можат да се соберат 50.000 души без да се палат автобусите на вемерето и на есдеесето и без нивните сендвичи од црвјосаната стока од под Богословец! Конечно, како Македонија која почнува да сфаќа дека Тричковски бил во право кога тврдел дека спас за нас не е техничката власт, туку триумвиратот кој може, не на избори, туку плебисцитарно, да се (само)конституира врз база на чистата хемијата, а не на дијалогот: Жељко, Халид и Цеца би можеле да вреснат, до кога, бе, овој Груевски ќе ве клеца!
Како СДСМ кога еден ден ќе победи на избори!
Ја завиткав лименката во весникот и со чувство на тежок заеб што не земав барем една гајба џабе пиво, побрзав да се качам во раздрнданата украинска шеесетиседумка! Возачот беше акнал некакви рејбанки во коренот на пашканастиот нос така што не можев да прочитам дали ме заебава или е сериозен кога се сврте да ми ги врати парите велејќи:
-Бесплатно, господине, денеска возиме бесплатно!
Чекај, бе малку, си реков во себе, ниту е петок, ниту сум јас, за жал, пензионер, од кај, пак, сега ова бинго, штипни ме, ѝ реков на жената до мене, да видам да не случајно сонувам, потоа почнав да го откопчувам шлицот за да ги испровоцирам типовите од програмата „скриена камера“ ако решиле да ме снимаат во автобусот, но на крајот си реков ај, немој да си бегаш од среќата, човеку, бесплатно пиво, бесплатен превоз, бесплатни гевреци со јогурт со етикети на владата што беше почнала да ги дели една жена на која цицките ѝ испаѓаа од деколтето до пред мојот нос, можев, јеботе бог, под јазикот што ѝ го залепив на левата пупка да прочитам stavrrevski with love, значи, пред да се симнам кај „Кјуби“, ми се запали сијаличката и јас го добив најохрабрувачкиот сигнал: ако е сѐ бесплатно, најдобро ќе биде да побрзам да си ја џитнам претпладневната доза од пет-шест „Џејмисони“ на сметка на владата, во „Пестициди“, моето омилено кафе! Во Музејот на смртта, помислив, нека оди бесплатно мојот другар Влад, а Марио и Радио ќе ги качам на жичарницата до милениумскиот крст, тие и така сакаа да го посетат тоа свето место, ама, пусто, немаа луѓето пари за карти!
Пиев така цело едно претпладне, испив десет комада, плус нарачките што ги викав за целото кафе, арно ама кога бев тргнал да фатам автобус за Орешани, двајца дебеловрати типови ме фатија под мишките, ме симнаа во подрумите на кафето и ме смачкаа од ќотек:
-Ова ти е од владата, ми рече едниот, ако се качиш да испиеш уште едно виски беспари, слободно можеш да сметаш на уште една тура џабе ќотек, јави се и почекај малку ако сме зафатени со друго тепање!
Така сфатив дека низ нашата слатка Македонија се шири смртоносниот вирус на бесплатноста. Еден читател на „Утрински“ не пропушти на сета мака малку да се позаебава, па праша во коментарот под еден текст кој ден ќе може бесплатно да оди во зоолошката градина, да минува преку камениот мост и да се вози со возот за мали деца до Радовиш и Берово. Бесплатна бања, бесплатен кредит, бесплатен долг, бесплатен паркинг, бесплатен воз, бесплатен превоз, бесплатни деца, бесплатни дипломи, бесплатни пробушени кондоми, бесплатни станови, бесплатни курсеви за сите што сакаат да станат идиоти или суарези кои ќе можат сосема бесплатно да ја гризнат шијата на Горданчето Јанкуловска или дебелиот врат на Владо Пешевски ако им се гади од женското месо и бесплатно пушење, драги мои, пууушееењееее на бензиската станица под Јавната куќа што ја викаат МРТВа!
Во Македонија сѐ е бесплатно само, се луѓето евтини!
Уживајте! Ова се мигови во кои претсмртноста знае да биде пријатна! Што друго да ви даде власта на која сте ѝ дале да ви земе сѐ! Влезени сме во прекрасните времиња на декаденцијата! Сѐ е потрошено! Има уште некое шише во подрумот и нашите жени се тука, ако не сме строги ќе забележиме дека и премиерот не е лош меѓу стaпалата и главата кога е гладен, дека манијакот од министерството за финансии може да се замисли како убава крава монтафонка во фармата на Субрата Рој во Џумајлија и така натаму и така наваму и у курац ако не сте сигурни кој пат да го фатите!
Извор: Слободен печат
Слики: Свирачиња